Земјотрес во Мексико!
Објавено: 26 март, 2013, во 16:13 часот
Јужната мексиканска држава Оаксака е погодена од земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер, соопшти Геолошкиот институт на САД, јави Ројтерс.
Потресот со случил на десетина километри западно од градот Пинотепа Насионал, а епицентарот бил на длабочина од 33 километри. Земјотресот е почувствуван и во главниот град на Мексико.
