Британија: Кучиња убија дете!
Четири кучиња нападнаа и убија 14 годишно девојче додека јадела пита со месо. Полицијата ги уништи агресивните животни кои излегле од контрола.
Девојчето настрадало вчера за време на ручекот во куќата на нејзината другарка.
Се претпоставува дека два стафоширдски бул териери, еден бул мастиф и еден американски булдог подивеле кога 14 годишната Џејд Ломас-Андерсон почнала да јаде пита со месо.
Во обидите да се докопаат до месото тие ја изгризале Џејд на вратот.
Таа била сама во куќата и не можела да се одбрани. Полицијата со штитови влезе во куќата во Атертон, Виган и ги уби животните. Но додека полицијата да стигне до Џејд, таа веќе лежела мртва на подот и крвавела од бројните рани по целото тело.
Соседите велат дека таа престојувала кај нејзината другарка Кимберли Конканон, во првите неколку дена од Велигденските празници.
Сопственичка на кучињата е мајката на Кимберли, Беверли, која им се обраќала со „мои бебиња“ додека на куќата стоел знак на предупредување со натпис „Внимавајте на кучињата, влегувате на сопствен ризик“.
Соседите велат дека ужасната смрт на Џејд е „очекувана трагедија“ и дека куќињата р’желе и лаеле на секој што ќе се доближел до нејзината куќа.
Еден жител рече: „Кучињата беа навистина застрашувачки. Џејд ги познаваше животните и не знам зошто ја нападна. Кучињата беа закана и сите се плашеа од нив. Ова е шокантно“ .
Друг сосед изјави: „Таа отиде во продавница да купи пита со месо и ја внесе во куќата. Слушнавме кога кучињата ја нападнаа. Таа се обиде да тргне едно од животните, но тоа се разлути и ја гризна за грлото. Очигледно, тогаш кучињата ја совладаа внатре, во куќата“.
Другарка на Џејд рече: „Најмалку две од кучињата заеднички и ги гризеа нозете“.
Полицијата беше повикана во куќата во 2 попладне по дојавата дека тинејџерка лежи без свест на приземјето. Кога полициајците пристигнаа ги најдоа четирите кучиња како беснеат по имотот без контрола./Н.Р
Извор: Daily Mail