Докторка од Бразил убивала пациенти!?
Обвинение за убиство на седум пациенти, а истрага за уште триста убиства заработи бразилската докторка Вирџинија Соарез де Суза. Доколку се докаже дека е виновна, тогаш Соарез де Суза ќе стане најголем сериски убиец во светот.
Обвиненето ја терети докторката дека со прекин на кислородот кај луѓето што биле на апарати за одржување на животот и со давање на смртоносни дози на медикаменти за опуштање на мускулите таа усмртила околу 300 пациенти на интензина нега во Евангелистичката црква во бразилскиот град Куртиба.
Де Суза која била директор на болницата е уапсена во февруари годинава, заедно со уште тројца други лекари и една медицинска сестра, кои се обвинети за завера. По покренивањето на обвинението против нив, биле уапсени и тројца анестезиолози кои работеле на одделението за интензивна нега.
Обвинетата во моментов се терети за седум смртни случаи, а таа се изјаснила за невина. И покрај тоа Министерството за здравство во Бразил смета дека бројот на нејзините жртви може да биде далеку поголем. Се испитуваат 1700 смртни случаи случени во болницата во последните седум години.
За овие седум пациенти, за кои е покренато обвинение , е докажано дека починале затоа што нивото на кислород на апаратите за дишење било намалено, по што во нивниот крвоток бил „внесен“ лекот „Павулон“ што ги опушта мускулите на дијафрагмата.
Мотивот за убиствата сеуште не е откриен, но во медиумите се шпекулира дека таа тоа го направила за „да ослободи кревети во болницата“. Одбраната тврди дека де Суза е невина и дека сите процедури на одделот за интензивна нега се оправдани.