Откриена печатница за лажни евра во Хрватска!

Објавено на 27 март, 2013 во 23:18

Во текот на акцијата во илегалната печатница во Бјеловар биле запленети 3.600 фалсификувани банкноти од по 50 евра или вкупно  180.000 фалсификувани евра.

Хрватската полиција со подрѓка на Европол открила и затворила нелегална печатница на пари и уапсила 18 лица кои се сомничат за печатење и дистрибуција на лажни банкноти од по 50 евра.

Операцијата за откирвање на ова кривично дело започнала во октомври минатата година, а околу 150 полицајци учествувале во акцијата која опфатила пет градови, Бјеловар, Чаковец, Копривница, Вараждин и Загреб.

Самата печатица се наоѓала во Бјеловар, соопши Европол, а пренесува Танјуг.

Во текот на акцијата полицијата запленила опрема за изработка на пари, како и 3.600 фалсификувани банкноти од 50 евра со вкупен износ од 180.000 евра, како и 63 страници со неисечени банкноти од по 50 британски фунти.

Операцијата во еден момент добила драматичен пресврт, откако еден од осомничените во Загреб започнал да и се заканува на полицијата со рачна граната. Полицијата успеала да го совлада потенцијалниот напаѓач пред да ја фрли гранатата. За среќа никој не е повреден.

Со апсењето на осомничените, споменатата криминална група е расформирана.Како што информираат од Европол, дистрибуцијата на фалсификуваните пари во Хрватска се проширила и во други земји, а лажните евра се приметени во земји на ЕУ./ A.Д

извор: Танјуг

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.