Откриена печатница за лажни евра во Хрватска!
Во текот на акцијата во илегалната печатница во Бјеловар биле запленети 3.600 фалсификувани банкноти од по 50 евра или вкупно 180.000 фалсификувани евра.
Хрватската полиција со подрѓка на Европол открила и затворила нелегална печатница на пари и уапсила 18 лица кои се сомничат за печатење и дистрибуција на лажни банкноти од по 50 евра.
Операцијата за откирвање на ова кривично дело започнала во октомври минатата година, а околу 150 полицајци учествувале во акцијата која опфатила пет градови, Бјеловар, Чаковец, Копривница, Вараждин и Загреб.
Самата печатица се наоѓала во Бјеловар, соопши Европол, а пренесува Танјуг.
Во текот на акцијата полицијата запленила опрема за изработка на пари, како и 3.600 фалсификувани банкноти од 50 евра со вкупен износ од 180.000 евра, како и 63 страници со неисечени банкноти од по 50 британски фунти.
Операцијата во еден момент добила драматичен пресврт, откако еден од осомничените во Загреб започнал да и се заканува на полицијата со рачна граната. Полицијата успеала да го совлада потенцијалниот напаѓач пред да ја фрли гранатата. За среќа никој не е повреден.
Со апсењето на осомничените, споменатата криминална група е расформирана.Како што информираат од Европол, дистрибуцијата на фалсификуваните пари во Хрватска се проширила и во други земји, а лажните евра се приметени во земји на ЕУ./ A.Д
извор: Танјуг