Нов скандал: Наместо јагнешко продавале кучешко месо!
Англија ја потресе нов скандал. Резултатите од анализите од шест лондонски ресторани кои ги порачал BBC ја вознемирија тамошната јавност, пишува The Independent.
Анализата покажала дека во „јагнешкото кари“ немало ниту пилешко, ниту свинско, ниту говедско, ниту коњско или јарешко. Се претпоставува дека можно е да се работи за кучешко месо, а потврда од надлежните сеуште немало.
Освен тоа било откриено дека јадење кое се продавало како производ од говедско месо во себе имало мал дел говедско, а содржело состојки од пилешко.
Ваквата шокантна вест ја прокоментирал и нутриционистот Surinder Phull.
“Ова е застрашувачко. Ако не се може да се идентификува од кое месо е направен производот, прашање е што е тоа? Од каде е увезено? Каде е животното заклано? Дали месото воопшто е хигиенски исправно? Има ли во него некакви бактерии“ запрашал овој нутриционист./ А.Д