Експлодира бомба покрај Акропол!
Бомба е флена вечерва а чинот неколку часа претходно бил најавен во редакција на еден грчки дневен весник.
Пред куќа на сопственик на фирма за бродови, во центарот на Атина, во близина на Акропол експлодира бомба која создаде мала материјална штета. Нема повредени, соопштила полицијата.
Грчки весник околу 20 часот примил анонимен телефонски повик со предупредување дека ќе експлодира бомба триесеттина минути подоцна пред куќата на грчкото семејство Цакос, сопственик на фирма за бродови, соопштила полицијата за АФП.
Пред експлозијата полицијата успеала да евакуира две лица од зграда и да го изолира делот во близина на најпознатиот споменик во Атина. Бомбата била оставена во торба пред влезот на зградата која се наоѓа неколку стотини метри под Акропол. Во нападот е предизвикана материјална штета.
Засега никој не ја превзел одговорноста за нападот. Фирмата „Цакос“ е една од најголемите грчки поморски компании. Педесет годишниот Никос Цакос , син на основачот на фирмата Панајотис Цакоц, порано бил член на Управниот одбор на банката Кипар, сега тешко погодена од финансиската криза на Кипар кој е економски тесно поврзан со Грција.
Во неделата мала бомба експлодирала пред филијалата на банка Кипар во Лимасол, најголемиот град на југот на Кипар, потсетува АФП./Н.Р