Кризата лошо влијае врз здравјето на луѓето!
Поради финансиската криза во Европа се бележи пораст на самоубиствата и заразните болести. Бројот на депресивни луѓе е се поголем, а се помалку се бара лекарска помош и се издвојуваат средства за купување на потребните лекови, пренесува „Слободна Далмација“.
Спрема анализите од здравствените стручњаци кризата, големиот број невработени и намалените приходи се главните причини за појава на овие здравствени проблеми.
Резултатите од анализите за здравствената состојба во Европа, кои ги објави списанието The Lancet, даваат јасна порака од здравствените стручњаци до политичарите, дека не водат сметка за последиците по здравјето на луѓето
“Последиците од кризата врз здравјето се занемаруваат иако се очигледни. Договорот на ЕУ ја обврзува Европската комисија да ги следи сите политики кои имаат влијание врз здравјето на луѓето, но, комисијата не ги објавила резултатите за здравствената состојба “ објаснува Марин Мцкее од Европската опсерваторија за здравствена состоба и политика./ А.Д