Хрватска воведува визи за русите и турците!
Министерката за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ го претстави новиот визен режим кој ќе стапи на сила за четири дена, на 1 април. Откако ќе влезе земјата во унијата ќе мора да воведат визи за руските и турските државјани.
Пусиќ објаснила дека донесените промени биле за ускладување на визниот резим со стандардите на Европската Унија. “Конкретно, го уредување тоа прашање со Русија и Турција. Досега кон Русија имавме можност да ги укинуваме визите за време на туристичката сезона, а сега ќе бидеме приморани визите да бидат на сила цела година.“ рекла Пусиќ
Таа информирала дека Министерството за надворешни работи веќе направило едукација во Москава на туристичките агенции, истакнувајќи дека рускиот пазар бил од голем интерес за Хрватска и дека ќе им се овозможи на русите за визи да аплицираат преку интернет.
“Ќе се отворат визни точки или уреди кои ќе можат да ги собираат патниците од Русија. Воведуваме визи за нив за тоа што сме обврзани, ама ќе се потрудиме да бидат што подостапни за сите оние кои сакаат да дојдат во Хрватска“ рекла Пусиќ.
Кон турските државјани правилата не биле толку строги. Визи немало да им бидат потребни на дипломати, службени и посебни патници какви што имало во Турциј. Слободен влез ќе имале само луѓето од екипажот на бродовите и авионите./ А.Д
извор: tportal.hr