Ракот коси во Америка!
Бројот на Американци кои го преживеале ракот на простата е во пораст и се очекува дека во наредната деценија ќе се искачи на 18 милиони,објави Американското здружение за истражување на ракот (AACR).
Тоа би претставувало зголемување за 30 отсто во однос на податоците од јануари 2012 според кои 13,7 милиони Американци преживеале некој вид на канцер,пренесува AFP.
Предвидениот пораст најмногу се должи на стареењето на населението. Се смета дека во 2020 година две третини од оние граѓани на САД кои го преживеале ракот ќе бидат лица на возраст од 65 и повеќе години.
Извештајот на AACR укажува дека меѓу оние кои го преживеале ракот 22 отсто се жени кои боледувале од рак на дојка а 20 отсто мажи кои имале рак на простата.
Американците кои имале рак на белите дробови сочинуваат само три отсто од преживеаните.
-„Кај пациентите кои имале рак на простата имаме скоро стопроцентно преживуваање за време од 5 години а големи промени се остварени и кај ракот на дојката кај кој денес скоро 89 отсто од заболените преживеале пет години,наспроти 75 отсто во 1975 година“,истакнува Џулија Руленд,директор на Канцеларијата на преживеани од рак при Американскиот национален институт за рак.
Таа потенцира дека кај рак на белите дробови потребни се подобри дијагностички средства и унапредување на терапијата.Од извештајот на Центарот за контрола и заштита од болести,објавен во јануари,произлегува дека се помалку Американци умираат од рак,тренд кој започна на почетокот на деведесеттите години.
Помеѓу 2000 и 2009 година стапката на смртност од рак помеѓу мажите е намалена за 1,8 а кај жените за 1,4 отсто.
Од рак во САД секој ден умираат повеќе од 1500 луѓе.
Минатата година од оваа болест почнале 301.820 мажи и 275.370 жени. Според податоците на Американското здружение за рак секоја година кај околу 1,6 милиони граѓани се дијагностицира заболување од рак. /Б.Н.Т
Извор: Танјуг