Католиците го одбележуваат Велики петок!
Објавено: 29 март, 2013, во 11:00 часот
Католиците денеска го одбележуваат Велики петок – денот кога пред две илјади години, Исус Христос со својата мака и смрт на Крстот ги ослободи луѓето од гревовите.
За католиците Велики петок значи и пост и немрсење. Иако многумина мислат дека се работи за синоними, односно дека треба да се воздржуваат само од јадење месо, тоа не е така. На овој ден дозволен е само еден оброк и тој мора да биде без месо.
Стотици христијани го одбележуваат денеска Христовото распнување во Светата земја.
Верниците се упатуваат во црквата на Божјиот гроб во источен Ерусалим за утрешната миса, со која почнуваат настаните поврзани со Велики петок.
Римокатолиците и протестантите ќе учествуаат подоцна денеска во процесии по стапките на Исус во Стариот град. Вечерва ќе биде отслужена света литургија во црквата во Витлеем, каде се родил Исус Христос.
Христијаните веруваат дека Исус бил распнат во петок и оти воскреснал на Велигден, в недела. Православните христијани, кои се раководат според стариот Јулијански календар, Велигден оваа година го празнуваат во мај.
