Видео: Десетици лица распнати на крстови на Филипините како Исус Христос!
Објавено: 29 март, 2013, во 11:22 часот
Десетици Филипинци беа приковани на крстови денеска како знак на страдањето на Исус Христос по повод католичкиот Велики петок.
Стотици други Филипинци се камшикуваа самите себе си до потекување на крв во знак на покајание.
Ритуалите на Велики петок се кулминација на велигденските празници на Филипините, каде 80 отсто од 94-те милиони жители се католици.
Римокатоличката црква не ги одобрува крвавите ритуали и ги повикува верниците наместо да учествуваат во нив да присустуваат на црковните служби, бдеењата и на други церемонии во нивните епархии.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=Sqx0Bhd4bNE{/youtube}
