Се укинува претплатата за РТС!
Објавено: 29 март, 2013, во 22:02 часот
Месецната претплата за радио телевизија Србија ќе биде укината а јавниот сервис во наредните три години ќе премине на финансирање од државниот буџет, пишува дневниот весник Денес во утрешното издание.
Според информации на весникот, првиот потпретседател на Владата, Александар Вучиќ ја донел одлуката за финансирање на јавниот сервис исклучиво од буџетот откако неодамна го отфрлил предлогот претплатата за РТС да се наплатува преку данокот на имот.
Според истиот извор Вучиќ го информирал тимот кој учествува во пишувањето на законот за електронски медиуми дека претплатата треба да се укине и дека не треба да се воведуваат нови давачки за граѓаните туку дека јавниот сервис ќе се финансира од буџетот се додека не се пронајде подобро решение.
Останало да се реши прашањето на кој начин ќе се гарантира независноста на уредувачката политика на РТС и радио телевизија Војводина./ Н.Р
