Хрватска воведе визи за државјаните на Русија!

Објавено на 1 април, 2013 во 07:40

За граѓаните од Русија од  денеска Хрватска воведува визен режим како дел од програмата за  влез во Европската унија.

Првичните информации беа дека освен Русите визниот режим ќе важи и за државјаните од Турција.

Хрватска ќе и се приклучи на Европската унија на први јуни 2013 година. Земјата ќе издава национални, а не шенген визи исто како и Бугарија.

Хрватска се надева дека визниот режим нема да влијае на туристичкиот прилив  на руски граѓани, кој достигнува и до 200.000 луѓе годишно.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.