Избори за ЕУ пратеници во Хрватска, гласаат и државјаните на оваа земја кои живеат во Македонија!

Објавено: 14 април, 2013, во 10:45 часот

Во амбасадата на Република Хрватска во Скопје, граѓани на Македонија кои имаат и хрватско државјанство, денеска за првпат гласаат и избираат пратениците кои нив и граѓаните во Хрватска ќе ги преставуваат во Европскиот парламент.

Избори се одржуваат денеска во Хрватска, за прв пат, на кои се избираат 12-те пратеници кои до крајот на овој мандат, ќе ги застапуваатнивните интереси иако државата се уште формално не е членка на Европската унија.

Избраните хрватски пратеници ќе имаат едногодишен мандат бидејќи сегашниот состав на Европскиот парламент е конституиран и избран во 2009 година.

В година граѓаните на земјите ќленки на ЕУ ќе избираат нови пратеници со пет годишен мандат.

Во Хрватска на изборите гласаат 3.738.708 граѓани како и 2.243 без престој а избираат 12 парламентарци од предложени 336 кандидати на вкупно 40 политички партии.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.