Хрватска со нов правопис!
Објавено на 15 април, 2013 во 19:08
Хрватска во Европската унија влегува со нов правопис според кој од грубите зборови со „рј“ ќе се исфрли буквата „ј“. Така во иднина ќе се пишува „грешка“, а не за „грјешка“ или „стрелка“ а не „стрјелка“ или „повреден“ а не „поврједен“.
Воопшто нема да биде важно дали ќе напишете „задатци“ или „задачи“, рекоа авторите .
ие денеска соопштија дека се со намера да направат единствен правопис пред влегувањето на Хрватска во ЕУ.
На најновите правописни решенија повеќе од 15 месеци работеа доктори на филолошки науки и од Институтот за хрватски јазик.
Денеска работната верзија е ставена на веб страна и беше отворена јавната расправа, која ќе трае еден месец, и во која се очекува да учествуваат граѓаните и лингвистите.