Еден осомничен за нападите во Бостоен е во притвор!
Објавено на 15 април, 2013 во 23:20
Бостонската полиција фатила еден потенцијален осомничен за нападите на Бостонскиот маратон и тој се наоѓа во притвор во една од бостонските болници, објави ТВ Тера.
Според Њујорк пост, осомничениот е државјанин на Саудиска Арабија.
Осомничениот наводно и самиот бил повреден од шрапнел од експлозиите на целната линија и се наоѓа во болница со неколку повреди.
Њујорк пост пренесува и дека осомничениот бил снимен со камера пред детонациите, како остава неколку ранци полни со експлозив во околните канти за ѓубре – 20-тина минути пред смртоносните експлозии.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=046MuD1pYJg{/youtube}