Разорен земјотрес во Иран!
Земјотрес со јачина од осум степени го погоди југоисточниот дел од Иран во близина на границата со Пакистан, јави Ројтерес. Од теренот пристигнуваат различни информации околу настраданите. Локалните медиуми јавиле дека загинале 40 луѓе, а официјалните податоци говорат дека мртви немало.
Официјален извор од иранската власт, кој побарал да биде анонимен, рекол дека власта очекува стотина мртви, бидејќи се работело за најјак земјотрес кој го погодил Иран во последните 40 години.
Според зборовите на иранските сеизмолози земјотресот бил со јачина од 7,5 степни, додека пак, американската сеизмолошка служба регистрирала јачина од 7,8 степени по Рихтер.
Како што јави аенцијата Франс прес, земјотресот бил почувствуван на целиот Блиски Исток, по должината на Персискиот залив како и на индискиот потконтинент. Во Пакистан, а посебно бо Исламабад се треселе зградите, а потресот го осетил и Њу Делхи.
извор: Ројтерс