Застрашувачки податоци за преработката на млеко и месо!
После неодамнешната афера со потенцијалното канцерогено млеко и недекларираното коњско месо во центарот на вниманието се најде и проблемот со отровната храна и храната со сомнителна содржина, кои за жал се присутни со векови.
Една од најстрашните е приказната за млекото кое несовесните производители го преработувале и се уште го преработуваат на најодвратни можни начини, пишува Слободна Далмација.
Во Лондон во почетокот на 19 век, во млекото, била долевана вода. За да ја маскираат измамата како и фактот дека водата од реката Темза и тогаш била многу загадена и дека не била за пиење, алчните трговци во млекото додавале брашно, сок од морков и жолта боја.
И во Њујорк имало смрдлива млечна измама со политичка корупција.
Имено, млекото во оваа метропола било носено со воз во блиските фарми. Во Оранж 13 000 крави се чувани во густи збиени штали и хранети со отпад од локалната пивница. Така добиеното млеко кое се продавало под етикетата „чисто домашно млеко“ било толку водникаво што од него не можело да се прави ниту сирење ниту маслац и силно мирисало на алкохол. Но сите тие, се ситници во споредба со ужасното и опасно преработено млеко кое во 2004 година е откриено во Кина.
Освен млекото и месото е одамна проблематично.
Пример за ова е месна индустрија во Америка, на крајот од 19 век и почетокот на 20 век, кој го открил писателот Аптон Синклер во својот роман Џунгла во кој напиша како на расипаното месо се додаваат хемикалии за да изгледа свежо и потоа да се употреби за изработка на колбаси во кои биле сите можни отпадоци па дури и месо од стаорци.
Во месните преработки имало и месо од несреќни работници кои паднале во големите фабрички казани и кои никој не се обидел да ги спаси. Оваа книга предизвика огромен шок во јавноста. Тогашниот американски претседател Теодор Рузвелт наредил обемна и објективна истрага, која покажала дека сите податоци кои ги навел Синклер се всушност точни.
Преработката на месо денес се одвива на сосема законски и легитимен начин кога во густо збиени одгледувалишта на сеуште живи пилиња им се вбризгувала арома и хормони кои нивното месо го прават повкусно и го намалуваат циклусот на растење. Резултат на сето тоа е фактот дека денешните стандардни индустриски пилиња имаат за една третина повеќе маснотии отколку пред три децении, односно дека пилешкото и не е така диетално како што мислат многу од купувачите./Б.Н.Т
Извор: Слободна Далмација