После овците доаѓаат и клонирани свињи!
Експертите на Институтот Рослин од Единбург во Шкотска успеале да добијат генетски модифицирана свиња, отпорна на сите болести. Како што премнесува агенцијата АНСА за кратко време ќе се обезбеди производство на животни чие месо, млеко и јајца нема да пренесуваат никакви опасни бактерии на луѓето.
Во соопштението, истражувачите наведуваат дека за добивање на овие свињи, наречени „пиг 26“ била користена „чиста“ техника без употреба на гени отпорни на антибиотици кои противниците на ГМО најмногу ги критикуваа.
Tie исто така истакнуваат дека оваа техника е десет пати побрза и поефикасна од клонирањето.
-“Ако не се знае начинот на кој животното е произведено, не е можно да се забележи дека е направена мутација“,истакна шефот на лабораторијата Брус Вајтло.
“Пиг 26”, е родена е минатиот август преку генетски инженеринг со мала мутација на ДНК –бришење на една од трите милијарди хемиски „букви“ на нејзиниот целокупен систем.
Во истата шкотска лабораторија пред 17 години беше создадена овцата Доли, првото клонирано животно на светот./Б.Н.Т
Извор: Tанјуг