Британија се прости од Челичната лејди!
Поранешната премиерка на Британија, Маргарет Тачер денеска беше погребана. Погребната церемонија се одржа во катедралата Сент Пол и покрај тоа што беше критикувана од британската јавност. Британците не сакаа да го платат погребот, кој чинеше 12 милиони евра.
Трошоците за погребот беа критикувани особено од левичарските политичари. Но, премиерот Камерон за БиБиСи ги правдаше големите издатоци. „Таа е сразмерна на големината на нејзината личност“, рече тој.
Со високи воени почести ковчегот со мртвото тело на Тачер прво мина низ улиците на британската метропола. Од зградата на Парламентот до црквата Сент Климент, а од таму до црквата Сент Пол, каде се одржа погребната церемонија.
На неа беа поканети повеќе од 2.000 гости од земјата и од странство, а учествуваше и кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг, принцот Филип. Со присуството на кралицата церемонијата доби на особена значајностт. Од премиерката се разделија и наследниците, премиерот Дејвид Камерон, Џон Мејџор, Гордон Браун и Тони Блер.