Земјотрес во Јапонија!
Објавено на 17 април, 2013 во 16:35
Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер пропратен со 20 дополнителни потреси го погоди источниот брег во Јапонија. Лесно повредени биле само тројца.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на островот Мијаки, околу 180 километри од Токио, пренесува Ројтерс.
Потоа следел уште еден силен земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтер. Ниту по вториот земјотрес не бил даден аларм за цунами, соопштила Јапонската метеоролошка агенција.
Локалната метеоролошка агенција, пак, соопштила дека не била детектирана поголема вулканска активност на островот и дека немало опасност од цунами.