Пропаѓа ли автомобилскиот пазар во Европа!?
Европскиот автомобилски пазар се наоѓа на незапирлива удолница, а производителите не гледаат знаци на посакуваната промена на трендот, пишува Дојче Веле.
Побарувачката за нови автомобили во Европа забележала пад и во март, 18-ти месец по ред, притисната со падот на побарувачката во Германија, соопшти денеска Европското здружение на производители на автомобили (ACEA). Германија, каде владее вистински натпревар во давање попусти, забележа драстичен пад од 17,1 отсто помалку регистрирани нови возила, односно 284.184. И останатите големи пазари забележаа значителен пад, па така во Франција се регистрирани 16,2 отсто помалку нови возила, а во Шпанија 13,9 отсто помалку. Единствено Италија од поголемите држави забележала едноцифрен пад од 4,9 отсто.
Велика Британија повторно беше светла точка со зголемена побарувачка за 7,4 отсто, со регистрирани 394.806 нови автомобили, што е за 5,9 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.
„И во следните месеци не очекуваме подобрување“, изјави шефот на Дајмлер, Дитер Цече. Европскиот најголем автомибилски производител Фолксваген во првите три месеци од оваа година испорачал 7,5 проценти помалку автомобили во ЕУ од претходната година, а Џенерал моторс дури 13 насто помалку.
На поединечните светски пазари ситуацијата е значително подобра: во САД прометот во март пораснал за 3 проценти, а на најважниот во моментов, во Кина, за цели 13 проценти.
Извор : Дојче Веле