Во САД конфузија со информациите за уапсениот бомбаш во Бостон!

Објавено на 17 април, 2013 во 20:09

Си-Ен-Ен ексклузивно објави вест дека е уапсен осомничен за терористичкиот напад во Бостон по што бостонската полиција и Департментот за правда демантираа. Подоцна официјално  и ФБИ објави дека нема уапсен.

Оваа последна информација е објавена откако официјални претставници на федералната власт за телевизијата изјавиле дека имало недоразбирање помеѓу официјалните претставници и дека никој всушност не е уапсен.

Претходно Си-Ен-Ен објави дека американските власти уапсиле осомничен во фаталниот бомбашки напади на Бостонскиот маратон, повикувајќи се на извор од ФБИ.

Идентитет на осомничениот и мотивот не беа објавени. Си-Ен-Ен објави дека бомбашот бил идентификуван врз основа на две видеа направени од камери за видео надзор поставени на стоковна куќа и снимен видео материјал на телевизијата Бостон.  Потоа веста е демантирана.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.