Во САД конфузија со информациите за уапсениот бомбаш во Бостон!
Си-Ен-Ен ексклузивно објави вест дека е уапсен осомничен за терористичкиот напад во Бостон по што бостонската полиција и Департментот за правда демантираа. Подоцна официјално и ФБИ објави дека нема уапсен.
Оваа последна информација е објавена откако официјални претставници на федералната власт за телевизијата изјавиле дека имало недоразбирање помеѓу официјалните претставници и дека никој всушност не е уапсен.
Претходно Си-Ен-Ен објави дека американските власти уапсиле осомничен во фаталниот бомбашки напади на Бостонскиот маратон, повикувајќи се на извор од ФБИ.
Идентитет на осомничениот и мотивот не беа објавени. Си-Ен-Ен објави дека бомбашот бил идентификуван врз основа на две видеа направени од камери за видео надзор поставени на стоковна куќа и снимен видео материјал на телевизијата Бостон. Потоа веста е демантирана.