Десетици жртви во експлозија на фабрика во Тексас!
Објавено на 18 април, 2013 во 07:44
Десетици мртви и стотици луѓе се повредени во експлозија во фабрика за ѓубрива во американската сојузна држава Тексас.
Големата експлозија ги уништени домовите на голем број граѓани кои живеат во непосредна близина.
Фабриката е срамнета со земја, уништени се куќи, згради и едно училиште.
Американските медиуми сеуште не го соопштија точниот број на жртви и повредени. Засега информациите се дека станува збор за огромен број на луѓе, пренесе Дојче Веле.