Потврдени жртви во фабриката за ѓубриво во Тексас!
Се стравува за многу жртви во градот Вест во близина на Вако, Тексас откако експлодираше фабрика за ѓубриво што предизвика значителни штети на старечки дом, училишта и куќи, објавија властите.
Патрик Свентон од полицијата на Вако на прес конференција изјави дека сцената во близина на фабриката за ѓубриво е „екстремно уништување“. Тој им кажа на новинарите дека спасувачките екипи сеуште ги пребаруваат куќите и ги згрижуваат повредените , но огнот ја отежнува операцијата.
Свентон потврди дека има жртви и дека меѓу исчезнатите има пожарникари и еден полицаец, но засега не може да се утврди точната бројка.
Свентон кој самиот поминал низ областа вели дека катастрофата наликува на уништување од торнадо, а некои куќи имаат поголеми оштетувања од останатите. Тој изјави дека спасувачките екипи 50 минути се обидувале да ги евакуриаат луѓето од домовите, стамбена зграда и старечки дом додека огнот беснел во и околу фабриката за ѓубриво каде утринава се случи експлозијата.
„Бројот на жртвите ќе расте во наредните часови“, изјави тој одбивајќи да ја потврди бројката од 60 до 70 жртви. „Сеуште не знаеме“, рече тој. Огнот што избувна и во близина на резервоарите со безводен амоњак сега е изгаснат. „Огнот е под контрола и веќе не е закана“ , изјави Свенсон.
Во овој момент не се познати причините за катастрофалната несреќа во Тексас./Н.Р
Извор: Guardian
Линк за видео http://www.guardian.co.uk/