Безбедносни камери го снимиле бомбашот на бостонскиот маратон!?
Безбедносните камери во Бостон за време на бостонскиот маратон снимиле маж како остава ранец со бомба, изјавил денеска бостонски политчар.
Американските истражни органи веднаш ја започнале потрагата по мажот кој е виден на снимката.
Властите сега знаат како изгледа потенцијалниот осомничен, но не го знаат неговото име.
Истражителите анализираа фотографии и видео-снимки за да утврдат кој ги извршил бомбашките напади и зошто. Тие снимки не се објавени јавно.
Ликот на осомничениот е забележан на снимка од сигурносната камера на една стоковна куќа во близина на целта на маратонската трка и неговиот изглед се совпаѓа со описот на очевидец.
Во бомбашкиот напад во Бостон во понеделникот загинаа три лица, а повеќе од 180 се повредени, од кои 17 се во критична здравствена состојба.