Работник напиша отказ на торта!
Вработен во гранична агенција ги зачуди претпоставените со бизарно писмо за отказ напишано на торта. Крис Хомс, 31, кој работеше на аеродромот Стенсед, на Твитер ја објави фотографијата од писмото со кое си дава отказ за да го оствари својот сон да работи во пекарскиот занает.
Хомси рече „Лично му ја врачив тортата на раководителот. Мислам дека беше пријатно изненаден. Тоа беше страствена торта, направена со кокос, ореви, грозје, портокал и путер. Пишувањето на буквите беше малку незгодно бидејќи имаше многу зборови и беше доста комплицирано“.
Отказот наликува на природен избор на слаткар со чуден смисол за хумор. „Мислам дека отказот беше добар и природен и се надевам дека им остави убав вкус. Ова го планирав шест месеци, но го чував за себе зошто не бев сигурен кога ќе заминам. Во граничната агенција работев седум години, а со слаткарство почнав да се занимавам во 2010. Одлучив дека мојата страст е поврзана со храната и сакав да поминувам повеќе време со мојот син Бен“.
Поранешниот државен службеник ги вџаши колегите со трогателната порака на тортата. Напиша: „Денеска го славам 31-от роденден. Неодамна станав татко и сфатив колку е бесценет животот и колку е важно времето да го минувам во нешто што мене и другите не прави среќни. Од овие причини, давам отказ за да го посветам моето време и енергија на моето семејство и на мојот слаткарски бизнис кој постојано расте во изминативе две години. На организацијата и моите колеги им посакувам се најдобро во иднина. Ако уживавте во тортата, повеќе можете да нарачате на www.mrcake.co.uk “./Н.Р
Извор : Daily Mail