ФБИ бара помош – двајца осомничените за нападите во Бостон!
Објавено на 19 април, 2013 во 06:38
Фотографиите на овие двајца мажи се објавени синоќа, по локално време, во Бостон. ФБИ бара од јавноста да помогне во пронаоѓањето на осомничените. Има и предупредување дека тие се „вооружени и опасни“.
Фотографиите се направени со безбедносните камери во близина на местото каде експлодирале бомбите, во близина на целта на Бостонскиот маратон.
Во бомбашкиот напад загинаа три лица, а повредени се над 180.
Фотографиите од осомничените биле објавени само неколку часа откако претседателот на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел Обама присуствувале на службата во римокатоличката катедрала во Бостон, во знак на почит кон жртвите, меѓу кои е и осумгодишно момче./А.Д