Уште една драма во Бостон!
Објавено на 19 април, 2013 во 08:45
Полицијата уапси две лица осомничени за убиството на полицаец во кампусот на Технолошкиот институт на Масачусетс во Кембриџ близу Бостон, јави Си-Ен-Ен.
Еден од осомничените беше повреден за време на потерата во бостонското предградие Вотртаун, каде беше спроведена голема полициска операција, пренесе А1 он.
На локацијата каде е уапсен вториот осомничен се пронајдени средства за изработка на експлозивна направа, слична на употребените во за нападот на Бостонскиот маратон, соопшти Ен-Би-Си.