Откриени напаѓачите од Бостон!
Објавено на 19 април, 2013 во 12:17
Двајцата осомничени за бомбашкиот напад на маратонската трка во Бостон, како што јавија дел од американските медиуми, дошле од близина на Чеченија и во Соединетите држави престојувале една година.
Потврдено е дека еден од нив денеска бил убиен во полициска акција, додека по другиот се уште се трагало. Според полицијата, тие биле одговорни и за денешното убиство на еден полицаец во Технолошкиот институт на Масачусетс во Кембриџ недалеку од Бостон. ФБИ синоќа објави фотографии на двајцата осомничени кои биле сликани во понеделникот во близина на местото на нападот на бостонскиот маратон при што загинаа три лица, а над 170 беа ранети.
извор: Радио Слободна Европа