Ранет и уапсен, вториот осомничен бомбаш на Бостонскиот маратон!
Американските медиуми јавија дека успешно е завршена масовната операција на полицијата во Бостон за откривање на вториот бомбаш на Бостонскиот маратон.
Џохар Царнаев, осомничен за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, е уапсен синоќа во 20.45 часот по локално време. Во реонот на Вотертаун, околу 19 часот, се слушале пукотници. Полицијата им наредила на граѓаните да останат во своите домови и ја продолжила потрагата. На полицајците им помогнал сопственик на куќа на улицата Френклин, кој следејќи ја трагата од крв го открил 19 годишниот студент од Чеченија како се крие во чамецот во неговиот двор. Тој ја кренал церадата и го видел ранетото момчето внатре.
„-При приведувањето тој покажа активен отпор, односно почна да пука по полицијата. Во целина бостонската полиција во оваа операција дејствуваше блескаво,“ изјави комесарот Едвард Дејвис.
Возило на итната помош стигнало и Царнаев бил пренесен во болница со две тешки повреди на вратот и ногата а неговата состојба е оценета како критична. Потоа жителите на Вотертаун можеле слободно да излезат од своите домови. Полициската потера траеше скоро 24 часа. Осомничениот бомбаш се бараше од врата на врата. Џохан Царнаев е обвинет дека во понеделникот заедно со неговиот брат, ги поставиле двете бомби непосредно пред целта на Бостонскиот маратон. Тие убија тројца и повредија над 170 луѓе.
Во потрагата што беше превземена и престрелка што предходно се случи загинаа еден полицаец и братот на Џохар, 26 годишниот Тамерлан Царнаев. Џохар е студент на Универзитетот Масачусетс Дартмаут а неговиот брат, Тамерлан кого полицијата го уби во престрелка, студирал на локалниот колеџ. Тамерлан Царнаев бил женет и имал едно дете. Тој пред 2 години бил под истрага на ФБИ за соработка со терористички организации но бил ослободен од обвинението. Пред 10 години двајцата браќа пребегале од Чеченија во Киргистан а потоа емигрирале во САД.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=796UFHldHM4{/youtube}