„Пак ќе танцувам!“ порача жена која го изгуби стопалото од бомбите во Бостон!

Објавено: 23 април, 2013, во 16:09 часот

Инструкторка по танц која ја загуби ногата во смртоносниот бомбашки напад на Бостонскиот маратон вети дека пак ќе танцува и идната година ќе трча на маратонот,јави Дејли Мејл.

Докторите не можеа да го спасат левото стапало на Адријана Хасет Дејвис повредена по експлозијата на втората бомба додека минатата недела ја следела трката. Ногата и ја ампутираа дванаесет сантиметри под коленото.

И покрај операцијата што и го промени животот, 32 годишната жена  вели дека нема да се откаже од својата страст. „Кога танцувам не чувствувам потреба за било што друго. Радоста е потполна“, вели таа. „Не можам да дозволам некој да дојде и да ми го украде животот. Затоа, пак ќе танцувам. А, наредната година и покрај тоа што никогаш не сум  трчала, планирам да трчам на маратонот.

Стравот да не ја загуби ногата ја обземал Хаслет-Дејвис кога таа и нејзиниот  сопруг, капетанот авијатичар Адам Дејвис  ја почувствувале експлозијата. Таа била решена да не дозволи да ја загуби ногата.

„Се сеќавам на се“ изјави таа за CNN. „Се сеќавам кога експлодираше првата бомба како се држев за сопругот Адам и си мислев  дека не е само една. Знаев дека нешто ќе се случи и почнав да врескам. Втората бомба експлодираше и се сеќавам дека ударот ме отфрли назад.“

Таа се разбудила сигурна дека е добро додека сопругот и покажувал кон ногата.  „Мислев дека е крај, изгубив околу 80 проценти од коските и мускулите на моето стапало. Многу крварев и бев многу исплашена. Бев одлучна да ја спасам ногата. Знаев дека можам да се борам или да останам таму да лежам беспомошна на тротоарот, а тоа звучеше ужасно и болно.“

Нејзиниот сопруг кој неодамна се врати од Авганистан, го искористил каишот за да го запре крварењето. И тој бил погоден од шрапнел, но успеал да ја одвлечка Адриана во еден ресторан. „Му реков дека ќе поминам низ ова и дека не сум подготвена да го напуштам“.

Кога ги видела пожарникарите знаела дека е безбедна. Однесена е во медицинскиот центар во Бостон каде е оперирана.  Се разбудила во болница  ден по нападите.  И рекла на мајка и дека стапалото и е тешко.

По сознанието дека животот ќе и се измени во целост  таа е уште порешителна да и се врати на својата страст. „Танцувањето е мојот живот“, вели таа. „Да, стапалото ми е разнесено и тоа не чини, но тешко мене ако се обвиткам во тага“./Н.Р

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.