Бугарски „Вотергејт“

Објавено: 23 април, 2013, во 20:41 часот

Обвинителството во Софија покрена обвинение против четворица функционери во бугарското министерство за внатрешни работи поради сомневање дека незаконски прислушувале повеќе политичари и бизнисмени.

Согласно законските прописи надгледување и прислушување е дозволено само доколку се води истрага за криминални дејствија за кои може да се изрече казна затвор од најмалку пет години.

Меѓу обвинетите е и директорот на министерството задолжен за надгледување  Сергеј Катсаров. Доколку се докаже неговата вина се соочува со казна затвор од најмалку пет години.

Ратко Димитров, соработник на Катсаров може да добие иста казна, а се сомничи дека некои снимки од прислушуваните разговори ги избришал како би ги измамил правосудните органи.

По три години затвор можат да заработат уште двајца функционери во министерството. Тие се сомничат дека неадекватно ги завршиле своите обврски.

Предвремените парламентарни избори во Бугарија се закажани за 12 мај, а аналитичарите оценуваат дека аферата со прислушувањето нема да има значајно влијание.

Според официјалните податоци во текот на 2011 година во Бугарија биле забележани 13.624 случаи на прислушување, од кои само 5% биле искористени како доказни материјали во судски процеси.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.