Експлозија во центарот на Прага!
Над 50 лица се повредени во голема детонација во историскиот центар на чешкиот главен град Прага. Предизвикана е и голема штета. Се утврдува причината за несреќаa. Pрвичните сомнежи се дека ја предизвикал дефект во гасната мрежа, пренесе Дојче Веле.
Несреќата се случила во историскиот стар град на Прага.
Улицата Диваделни е целосно покриена со рушевини.
Според полицијата повредени се најмалку 55 лица, некои од нив тешко.
Според Паскал Стојчески, македонскиот амбасадор во Чешката Република, нема официјални информации за повредени Македонци во експлозијата.
Многумина од жртвите се повредени од срчи од стакло. Во околината на експлозијата се распрскаа стаклата на прозорците.
Просторот е ограден и полицијата започна истрага во која ќе се утврдуваат причините за несреќата.