Инцидент во Британија: Седум луѓе отруени од амоњак во трговски центар!
Шесмина од префрлените во болница се вработени во трговскиот ценатар додека седмиот е преставник на компанијата сопственик на фрижидерот.
На сите им била укажана медицинска помош по хемискиот инцидент во продавница во еден од најголемите трговски центри во Британија, Блувотер, додека 20 повредени добиле помош на лице место.
Се смета дека луѓето биле затруени со амоњак кој протекол од фрижидер во трговскиот центар во Гринич Кент.
Луѓето се жалеле на воспаление на грлото, главоболка и печење на очите, изјавил портпаролот на Итната помош.
Пожарникарите биле повикани да го испитаат сомнителното протекување на амоњак од мал фрижидер кој се наоѓал во подрумот на една продавница во трговскиот центар. Фирмата била евакуирана и по еден час повторно отворена./Б.Н.Т