Охајо: Ученик си пукал во глава!
Објавено на 30 април, 2013 во 06:49
Момчето учело во приватно средно училиште. Тешко е повреден откако се обидел да изврши самоубиство во училницата пукајќи си во глава од пиштол, пренесоа американските агенции.
Обидот за самоубиство се случил во приватната машка академија во градот Синсинат, чиј портпарол изјавил дека се работи за изолиран инцидент и дека ниту еден друг ученик не бил загрозен.
Тој им соопштил на новинарите дека ученикот си пукал во главата на првиот час и дека сите се молат заедно со неговите родители.
Ученикот, чие име не е соопштено, се наоѓа во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот. Полицијата кусо соопштила дека истрагата сеуште трае и се истражува како ученикот дошол до пиштолот./Б.Н.Т