Ракети испукани на руски авион над Сирија!
Објавено на 30 април, 2013 во 07:34
Во авионот имало 200 патници а причината за нападот во кој нема повредени засега е непознат.
Руската федерална воздухопловна служба „Росавијација„ потврди дека авионот на руската компанија „Норд винд ерлајнз“ бил во опасност во воздушниот простор над Сирија поради борбени дејствија.
Посадата во авионот ербас А – 320, кој летал од Шарм ел-Шејк до Казањ, прелетувајки над територијата на Сирија, регистрирала знаци на водење борбени дејствија, рекол преставник на „Росавијација“.
Тој додал дека тие дејствија „според мислење на посадата се заканиле по безбедноста на авионот“. Според неговите зборови, авионот се приземјил на аеродромот на крајната дестинација според редот на летање./Б.Н.Т
Извор: Танјуг