Галактик тргна!
Туристичкиот вселенски брод на Ричард Бренсон го изведе првиот лет.
Вселенскиот брод поддржан од сер Ричард Бренсон го изведе првиот моторен лет во тестот што го придвижи „Вирџин Галактик“ кон крајната цел: лет во вселената до крајот на годинава. Откако вселенскиот брод два не се распадна во атмосферата во текот на тест летот, означи нов напредок за „Вирџин Галактик“ чија цел е да носи патници на возење под орбитата.
Во раните утрински часови , вселенскиот брод два, поставен меѓу два носачи, полета од аеродромската писта во пустината Мохаве, северно од Лос Анџелес. Џетот го ослободи вселенскиот брод два кој го запали моторот 16 секунди, а потоа безбедно слета.
Досега, вселенскиот брод 2 изведуваше само летови без работа на мотор. Неколку летови со мотор се планирани за ова лето, а ќе завршат со лет во вселената планиран за крајот на годината.
„Првиот моторен лет на компанијата „Virgin Spaceship Enterprise“ несомнено беше најважниот лет до денес“, рече основачот на „Вирџин Галактик“ сер Ричард Бренсон кој беше на лице место во Мохаве да го проследи настанот. „За првпат бевме во можност да ја докажеме целосната интеграција на клучните компоненти на системот. Денешниот суперсоничен успех го отвора патот за брза експанзија на технологијата на леталото, со многу реална цел, до крајот на годината да направиме целосен лет во вселената. Денес видовме како се создава историјата и јас се гордеам најмногу од сите“.
Вселенскиот брод два е комерцијална верзија на вселенскиот брод еден, кој во 2004 стана првата приватна ракета што допре до вселената. Од историскиот лет, повеќе од 500 туристи платија по 200.000 долари или ставија депозит чекајќи ја шансата да лебдат во бестежинска состојба и да го видат сводот на земјата од високо.
Сер Ричард на почетокот предвиде дека комерцијалните летови ќе почнат во 2007, но смртоносната експлозија на тестирањето и долготрајните тестови го продолжија рокот. Сеуште не е утврден датум за првиот комерцијален лет од специјалниот космодром во Мексико,но извршните директори на „Вирџин Галактик“ велат дека тој ќе се случи по зваршувањето на сите тестови и добивањето дозвола од владата./Н.Р
Извор: Daily Mail