Бостон: Пресврт во истрагата – полицијата уапсила уште тројца осомничени за бомбашкиот напад!
Објавено на 1 мај, 2013 во 17:30
Полицијата уапсила уште тројца осомничени за бомбашкиот напад во Бостон, јави CNN. Двајца од уапсените се студентите Диас Кадирбаев и Азамат Тажајаков од Казакстан.
Се товарат дека после бомбашкиот напад им помогнале на браќата Царнаеви да го сокријат ранецот со експлозивни направи од универзитетскиот кампус Дармут во Масачусец. Таму наводно студирале и биле цимери со браката Царнаеви. Уапсени се под сомнеж за давање лажни изјави и попречување на истрагата. Според CNN третиот уапсен е американски државјанин.