Стејт департментот жали за откажаниот самит!

Објавено на 29 мај, 2013 во 22:53

Откако претседателот Ѓорѓе Иванов го откажа  Самитот на шефови на држави членки на процесот за соработка во Југоисточна Европа, реагираше Стејт департментот.

Разочарани се што е пропуштена можноста за дискутирање околу регионалните предизвици по силните напори кои се вложени од страна на македонскиоте претседател Ѓорге Иванов.

„Идеалите за соработка и дијалог се критички важни за безбедноста, стабилноста и просперитетот на секоја држава и на Балканот во целина. Разочарани сме откако слушнавме дека Самитот е откажан. Македонскиот претседател Иванов и неговиот кабинет работеа многу напорно да организираат позитивен и продуктивен самит и за жалење е што лидерите од регионот ќе ја пропуштат оваа можност да дискутираат за предизвиците со кои сите тие се соочени. “ –  изјавија претставници на Стејт департментот за „МИА“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.