Стејт департментот жали за откажаниот самит!
Објавено: 29 мај, 2013, во 22:53 часот
Откако претседателот Ѓорѓе Иванов го откажа Самитот на шефови на држави членки на процесот за соработка во Југоисточна Европа, реагираше Стејт департментот.
Разочарани се што е пропуштена можноста за дискутирање околу регионалните предизвици по силните напори кои се вложени од страна на македонскиоте претседател Ѓорге Иванов.
„Идеалите за соработка и дијалог се критички важни за безбедноста, стабилноста и просперитетот на секоја држава и на Балканот во целина. Разочарани сме откако слушнавме дека Самитот е откажан. Македонскиот претседател Иванов и неговиот кабинет работеа многу напорно да организираат позитивен и продуктивен самит и за жалење е што лидерите од регионот ќе ја пропуштат оваа можност да дискутираат за предизвиците со кои сите тие се соочени. “ – изјавија претставници на Стејт департментот за „МИА“.
