Прв геј брак во Франција!

Објавено на 30 мај, 2013 во 12:08

Винсен Отин и Бруно Буало, станаа прв истополов брачен пар во Франција, пренесе Гардијан. Облечени во црни костуми, младоженците разменија прстени на музиката на Нет Кинг Кол и Френк Синатра.

По месеците улични демонстрации што ја потресоа Франција, насилните судири помеѓу геј заедницата и полицијата,  жестоката дебата во парламентот која траеше 172 часа и предупредувањата дека е забележан пораст на хомофобијата за 30%, Винсен Отин и Бруно Буало за првпат во Франција склучија истополов брак.

Непосредно пред пристигнувањето на младожениците, петмина анти-геј демонстранти се обидоа да влезат во општинската зграда од задниот влез и оставија боци со гас и запалувачки материи.

Полицијата ги претресуваше сите присутни на церемонијата по анонимната закана до општината./Н.Р

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.