Прв геј брак во Франција!
Винсен Отин и Бруно Буало, станаа прв истополов брачен пар во Франција, пренесе Гардијан. Облечени во црни костуми, младоженците разменија прстени на музиката на Нет Кинг Кол и Френк Синатра.
По месеците улични демонстрации што ја потресоа Франција, насилните судири помеѓу геј заедницата и полицијата, жестоката дебата во парламентот која траеше 172 часа и предупредувањата дека е забележан пораст на хомофобијата за 30%, Винсен Отин и Бруно Буало за првпат во Франција склучија истополов брак.
Непосредно пред пристигнувањето на младожениците, петмина анти-геј демонстранти се обидоа да влезат во општинската зграда од задниот влез и оставија боци со гас и запалувачки материи.
Полицијата ги претресуваше сите присутни на церемонијата по анонимната закана до општината./Н.Р