Генерален штрајк во Грција!

Објавено на 13 јуни, 2013 во 09:27

Грчките работници почнаа генерален штрајк во знак на протест против ненадејното затворање на државната радио телевизија ЕРТ.

Новинските агенции јавуваат дека бил стопиран целиот јавен превоз, а не работат ни државните служби.

ЕРТ беше затворена со одлука на владата при што беа отпуштени над 2600 вработени.

Владата вети дека ќе формира нова и помала државна радио телевизија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.