Генерален штрајк во Грција!
Објавено на 13 јуни, 2013 во 09:27
Грчките работници почнаа генерален штрајк во знак на протест против ненадејното затворање на државната радио телевизија ЕРТ.
Новинските агенции јавуваат дека бил стопиран целиот јавен превоз, а не работат ни државните служби.
ЕРТ беше затворена со одлука на владата при што беа отпуштени над 2600 вработени.
Владата вети дека ќе формира нова и помала државна радио телевизија.