Царнајев официјално обвинет!
Објавено: 27 јуни, 2013, во 19:47 часот
За смрт на четири луѓе и за користење на оружје за масовно уништување во бомбашко терористички напад во Бостон е обвинет Џохар Царнајев (19).
Медиумите во САД јавија дека во обвинението тој се товари по вкупно 30 основи. Деветнаесетгодишниот маж од средината на април се наоѓа во притвор откако во истрага е откриено дека заедно со постариот брат Тамерлан (26) ги извеле нападите на маратонот во Бостон.
Тамерлан Царнајев беше убиен во полициската потера два дена по терористичкиот напад во кој беа убиени тројца и ранети 260 луѓе.
Царнајев е обвинет и за убиство на еден полицаец кој беше вработен како обезбедување на тамошниот универзитет.
Откако е уапсен Царнајев се наоѓа во затворска болница на лекување.
