Државен удар во Египет – сменет претседателот Морси!
Неверојатен развој на настаните во Египет! Војската вечерва објави суспендирање на Уставот и нови избори. По Мубарак во Египет му одзвони и на Морси!
Привремен претседател на Египет, до изборот на нов, ќе биде главниот судија на Уставниот суд објави генералот Абдел Фатах ал – Сиси.
Во текот на денот демонстарантите бараа оставка од египетскиот претседател Мухамед Морси и повторно се собраа на централниот каирски плоштад Тахрир веднаш штом истече рокот кој војската му го даде на државниот врв во кој бараше решение за кризата која завладеа во земјата.
Египетската војска ја превзеде контролата над државната телевизија и со оклопни возила пред зградата ги обезбеди телевизиските студија во Каиро. Безбедносни извори јавија како сите кои не учествуваа во емитувањето на програмата заминаа од зградата на државната телевизија.
Војската претходно извести дека е подготвена на секаков чекор за да го одбрани Египет од терористи, радикали и глупаци но, не е јасно на кого притоа мислеше.
Милиони луѓе излегоа на улиците на Каиро и Александрија. Во крвавите пресметки само на улиците во Каиро, поточно на универзитетот, беа убиени 16 луѓе.
Претседателот Морси, изјавуваше дека со живот ќе го брани својот легитимитет додека од друга страна седум негови министри се повлекоа.
Претседателскиот советник за национална безбедност потврди дека на Египет му се случува државен удар. Ројтерс пренесе изјава во која било кажано дека ниту еден државен удар не поминува без големо крвопролевање.
Портпаролот на војската, која се закани со државен удар ако Мурси не ја реши кризата, за Си Ен Ен рекол дека се одржал состанок на национално тело со преставници на религиските и политички водачи без присуство на владеачката Партија за слобода и правда во Египет.