Бугарите продолжуваат со протести

Објавено на 5 јули, 2013 во 10:13

Веќе три недели траат протестите против владата на премиерот Пламен Орешарски. Протестите започнаа на 14 јуни со изборот на Делјан Пеевски за шеф на Државната агенција за безбедност, кој беше негиран од Народното Собрание.

Демонстрантите започнаа протест под слоганот „Оставка“ на кои тие симболично ги отпуштаат политичарите од владата на својата земја. Минатата недела тие организираа „пиење кафе“ пред собранието. За денес е најавен нов целодневен протест од 8 до 17 часот пред Народното собрание и плоштадот„Св Александар Невски”.

Протестот се прошири и во другите поголеми градови како Пловдив, Варна, Бургас и Сливен.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.